Три натпревари вечерва беа одиграни во рамките од 7.коло во Втората машка кошаркарска лига. Екипата на Маџари го доби дерби дуелот со Шкупи и изби на 2.место на табелата, зад не победливиот МКК Куманово.

Гостите од Чаир одлично го започнаа натпреварот и по првиот период оствари предност од седум поени (20-13). На стартот на вториот период гостите поведоа и со 9 разлика (22-13 и 31-22). Домаќините дојдоа и на -2, но чаирчани полувремето го завршија со седум разлика (41-34).

На стартот на вториот дел Шкупи за прв пат поведе со двоцифрена разлика (51-41). Речиси континуирано ја одржуваа таа предност за во последниот период да влезат со +11 (61-50).

По нецели две минути игра во последната четвртина, при резултат 63-59 за Шкупи, натпреварот беше прекинат. Причина неисправноста на семафорот во салата.

На тоа му претходеа две тројки во низа и 2+1 ситуација која ги врати домаќините во игра (59-61).

Прекинот им беше добредојден на кошаркарите на Маџари па во 34.минута поведоа 65-63.

Во неизвесна завршница домаќините имаа повеќе нерви и концентрација при реализацијата на слободните фрлања. На крајот тоа се покажа како клучно во исходот на конечниот резултат. Тој им донесе радост на кошаркарите на Маџари. .

Екипата на МКК Куманово ја забележа и седмата победа. Избраниците на Марин Докузовски не видоа мака на гостувањето во Прилеп каде ја совладаа екипата на Мега баскет.

Важна победа остварија и штипските Соколи во дуелот со Тетекс, па сега и штипјани се во трка за висок пласман.

Во првиот натпревар од денешната програма МЗТ Скопје У.Б. славеше победата во дуелот со Ангели.

Со утрешните два натпревари ќе биде комплетирана оваа рунда кај второлигашите.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
сабота
МАЏАРИ – ШКУПИ 76-74
МЕГА БАСКЕТ – МКК КУМАНОВО 71-93
СОКОЛИ – ТЕТЕКС 92-68
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ 59-53
недела
16.00 ВОДНО САНС – РАБОТНИКИ 2018
19.00 КУМАНОВО 2009 – БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 14, Маџари 13, Шкупи 12, Ангели 11, Соколи 11, МЗТ Скопје У.Б. 11, Мега Баскет 9, Борец баскет 9, Водно Санс 9, Тетекс 8, Работнички 2 7, Куманово 2009 6