Со одигрувањето на денешните натпревари, познати се уште две селекции кои обезбедија пласман на Европското првенство 2024-та во Германија.

Репрезентацијата на Унгарија со победата на гостински терен кај Украина со 4-2 го запечати првото место на табелата во „Г“ групата. За второто во трка сеуште остануваат Црногорците кои вечерва беа подобри од Литванија со 2-0.

Така во последната рунда закажана за в недела, Црногорците мора да слават на гостувањето кај Унгарија. Притоа ќе се надеваат дека Србија нема да ја победи Бугарија на домашен терен.

Словачка по трет пат (во низа) се квалификуваше за ЕП. Со победата над Исланд 4-2 Словаците заедно со Португалија обезбедија „виза“ за Германија од квалификациската „Ј“ група.

Словачка е 11-та репрезентација која обезбеди пласман на завршницата на европско фудбалско натпреварување.

Покрај домаќинот Германија, досега тоа го направија:

А група: Шпанија и Шкотска.
Б група: Франција… (Холандија и Грција имаат по 12 бодови).
Ц група: Англија … (Украина 13 со натпревар повеќе од Италија 10).
Д група: Турција … (Велс и Хрватска имаат по 10 бодови).
Е група: Албанија 13, Чешка 11, Полска 10 (натпревар повеќе), Молдавија 9.
Ф група: Австрија и Белгија.
Г група: Унгарија … (Србија 13 и Црна Гора 11).
Х група: Словенија 19, Данска 19, Казахстан 15.
И група: Швајцарија 16, Романија 15, Израел 12, Косово 10.
Ј група: Португалија и Словачка.