Македонија ја очекуваат тешки натпревари со Италија и Англија на крајот на квалификациите за ЕУРО 2024-та.
На денешната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски запрашан за продолжување на договорот, одговори дека прво мисли на дуелите што претстојат.
„Морам да изразам задоволство од пружените услови и довербата од федерацијата. Задоволство и чест е да се работи со овие момци.
Сега целосно сум фокус е претстојните два натпревари, а за иднината ќе видиме по нив. Мислам дека тоа нема да зависи од овие два меча.
Многупати досега сум ја докажал својата работа и посветеност кон националните селекции“, истакна Милевски.