Во фудбалската Лига на шампиони почнува втората половина од натпреварите по групи. На програмата се дуелите од 4-тото коло.

Четири екипи досега имаат максимален број на бодови (9), па уште по ова коло може да обезбедат пласман во „нокаут“ осминафиналната фаза. 

Денеска тоа може да го сторат, Манчестер Сити и шпанската Барселона. Актуелниот шампион е фаворит против Јанг Бојс, а ќе ја има и предноста на домашниот терен. Барселона се мачеше на претходниот меч со Шахтјор, но победа избраниците на Чави ги води во осминафиналето.

Шанса за тоа ќе има и германскиот Лајпциг доколку во Белград ја победи Црвена Звезда. 

Во останатите две групи (Е и Ф) сеуште сé е отворено. Во минимална предност се Феенорд и ПСЖ, кои имаат бод односно два повеќе во однос на конкурентите.

Е група
21:00 АТЛЕТИКО М. – СЕЛТИК
21:00 ЛАЦИО – ФЕЕНОРД

Standings provided by Sofascore

Ф група
18:45 БОРУСИЈА Д. – ЊУКАСЛ
21:00 МИЛАН – ПСЖ

Standings provided by Sofascore

Г група
21:00 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЛАЈПЦИГ
21:00 МАНЧЕСТЕР С. – ЈАНГ БОЈС

Standings provided by Sofascore

Х група
18:45 ШАХТЈОР – БАРСЕЛОНА
21:00 ПОРТО – АНТВЕРПЕН

Standings provided by Sofascore