Големото лондонско дерби меѓу Тотенхем и Челзи донесе супер фудбал, дури девет постигнати голови, два црвени картони, а заври со резултат 4-1 за Чалзи.

Се започна супер за Тотенхем кој преку Колушевски во 6-тата минута поведе со 1-0. Во 14-тата Сон ја затресе мрежата на Челзи но, голот беше поништен поради офсајд. 

И сините постигнаа два гола, кои беа поништени, оној на Стерлинг поради играње со рака, а вториот на Каиседо поради офсајд. 

Во 33-минута Тотенхем остана со играч помалку. Поради остар старт Ромеро заработи црвен картон. Но, маката да биде поголема, тоа беше старт во казнениот простор, па Калмер го реализира пеналот за израмнување на 1-1.  

Во иста жестина продолжи и вториот дел. 

Во 55-тата минута домаќините останаа со деветмина играчи. Поради втор жолт картон, Удоги мораше да ја напушти играта. 

Тоа го искористија фудбалерите на Челзи кои преку Џексон во 72,минута за водство од 2-1. 

Две минути подоцна Даер постигна гол за Тотенхем но, и тој беше поништен поради офсајт. 

Голема шанса за израмнување пропушти Бентанкур во 87.минута кој по уфрлувањето во шеснаесетникот на Челзи од 3-4 метри со глава биеше сантиметри крај голот. 

Последната шанса ја имаше Кореецот, Сон чиј удар по соло акцијата во 93.минута го одбрани Санчез. 

Затоа на спротивната страна, Џексон за две минути комплетирајќи го хет-трико,  ја запечати судбината на Тотенхем и му донесе триумф на Челзи.

На овој резултат најмногу се израдува шампионот Манчестер Сити кој остана на првата позиција на табелата со 27 бодови, еден повеќе од Тотенхем. 

Челзи за кого ова беше само четврта победа со 15 бодови е на 10-тото место на табелата.