Уште една богата ноќ во НБА лигата, со голем број одлични натпревари е зад нас.

Првиот пораз сезонава го забележа Бостон Селтикс, кој загуби на гостувањето кај Минесота по продолжение со 114:109.  Ентони Едвардс беше одличен со 38 поени, 9 скока и 7асистенции,  Џејден МекДаниелс додаде 20 поени, за победничката екипа.

Нова победа оствари и Далас и тоа на гостувањето во Орландо со 117:102. Иако Лука Дончиќ повторно беше најдобриот играч на Маверикси, сепак неговиот учинок овојпат беше нешто “по скромен“. Словенецот натпревари го заврши со 29 поени и 6 асистенции. Затоа Кајри Ирвинг имаше дабл-дабл со 21 поени и 10 асистенции.

Индивидуално вечерта ја одбележа Џоел Ембид. Тој на предвидеше Филаделфија до победа над Вашингтон со 146:128 во најефикасниот натпревар. Ембид натпреварот го заврши со дабл-дабл со 48 поени, 11 скокови, на кои додаде и 6 асистенции.

Веќе во четврток (01.30 часот) ќе се игра големото дерби на истокот во кое Филаделфија ќе гп пречека Бостон.