Младата репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 15 години со победа го започна „Развојниот турнир“ што се одржува во Тирана.
Избраниците на селекторот Драган Начевски, денеска во првиот натпревар славеше над врсниците од Косово по подоброто изведување на пенали.
Во регуларниот дел резултатот беше израмнет 1:1. Голот за Македонија го постигна Антонио Сталески. Во пенал „рулетот“ во решавачката серија Васко Папалиски беше сигурен реализатор за победа на Македонија.
Следен противник на македонските надежи ќе биде селекцијата на домаќинот Албанија, против која ќе играат во сабота од 14 часот. На турнирот настапува и селекцијата на Унгарија.