Ракометарките на Ѓорче Петров остануваат единствената екипа која и по шесте одиграни натпревари има исто толку победи. 

Актуелните шампионки го добија дербито со Куманово кој до ова коло исто така имаше максимален ефект. Ѓорчепетровки славеа со резултат 29-20. 

Прво полувреме мина во интересна резултатски битка. Двата тима имаа свои периоди на игра. поведоа домаќинките со 2-0. Гостинските од Скопје возвратија и имаа три гола предност (8-5). Возврати Куманово со серија 6-1 за водство од 11-10, но, на паузата Ѓорче замина со гол предност (13-12). 

На почетокот на второто полувреме, кумановки беа оние кои го диктираа темпото, што резултираше со водство и од два гола (18-16). Но, од тој момент па се до крајот шампионските ја наметнаа својата игра и од миг во миг ја зголемуваа предноста. На крајот Ѓорче Петров славеше високи 9 голови разлика 29-20.

Две ракометарки го одбележаа овој меч со по 9 постигнати голови. Ангела Јанкуловска за победничкиот, односни Сузана Зечевиќ за поразениот тим.

Ангела имаше голема поддршка од Ива Божиновска и Анастасија Николовска кои придодадоа по 6 гола.

Ѓорчепетровки се вратија на врвот на табелата со максимални 18 бодови, два повеќе од Чаир и Вардар кои сега се пред Куманово кој падна на четвртото место.

Во следното коло следува ново дерби, а во него шампиони Ѓорче Петров ќе биде предизвикан од Чаир. 

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 6.КОЛО
недела
КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
АСТИБО – ВАРДАР 27-40
ШАМПИОН – ПЕЛИСТЕР 19-24
СКОПЈЕ – СПАРТАК 32-30
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 19-27
одиграно вчера 
ГЕВГЕЛИЈА – СТРУЖАНКА 24-39
ЧАИР СКОПЈЕ – ДЕСПИНА 40-22

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 18 бодови, Чаир 16, Вардар 16, Куманово 15, Металург Автокоманда 12…