Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одличните настапи во Конференциската лига.
Миовски беше стрелец на водечкиот гол за својот тим Абердин во дуелот со грчки ПАОК.
Во натпреварот од 3.коло на Г групата, шкотскиот тим несреќно загуби со 2-3 иако имаше предност од два гола.
Аберден поведе со голот на Миовски во 50-тата минута. Токму нашиот репрезентативец, асистираше осум минути подоцна кога Полвара зголеми на 2-0.
Гостите преку Константелиас (73.минута) и Виериња (82) го израмнија резултатот на 2-2. Во петата минута од судиското дополнение ПАОК од пенал преку Шваб стигна до победа со конечни 3-2.
За Миовски денешниот е четврти гол сезонава во дресот на шкотскиот тим, а втор во Конференциската лига.