Еурофарм Пелистер иако го победи големиот ривал Вардар, сепак не се израдува на победата. 

Актуелното шампион славеше во „Супер дербито“ со 29-25, не доволно да го преземе 1.место во „Б“ групата на Супер лигата. 

За тоа најзаслужни беа голманот Мартин Томовски и крилото Дарко Ѓукиќ. Одбраната на Томовски и фрлената контра, со гол ја круниса Ѓукиќ.  

Вардар загуби со 4 голови разлика, но поради победата со 5 (30-25) на мечот во Скопје, црвено-црните за кои ова беше прв пораз, остануваат на врвот на табелата. 

Позицијата број 1, по завршувањето на првиот дел од сезоната носи бод повеќе во однос на конкурентот, во плејоф рундата.

Тој еден гол може да решава на крајот на првенството и за шампионската титула. Затоа Вардар и покрај поразот се радуваше како да победил. 

 Но, сепак  во Супер лигата има уште многу да се игра. Ова е почеток само на вториот половина од првиот дел на првенството.

Во вториот дел (плејофот), на овие два тима ќе им се приклучи и Алкалоид која лани заврши како второ пласиран.