Екипата на Пелистер во третиот натпревар сезонава, се израдува на првата победа.
По поразите од Гостивар и Работнички, кошаркарите на Пелистер го добија дербито со МЗТ Скопје Аеродром.
Во последниот натпревар од 3.коло, одигран во Битола, Пелистер славеше со 81-71 .
пелистерци од самиот почеток ја презедоа контролата на резултатот. Имаа и најголеми 20 поени предност во вториот период (38-18). На паузата меѓу двете полувремиња, битолчани заминаа со +9 (39-30).
Во третата четвртина. МЗТ успеа да се доближи на -2 (46-48), но тоа беше се што стори шампионот денеска. Пелистер рутинирано го одработи продолжението од мечот и заслужено славеше триумф.
Во победничката екипа се истакнаа Андреј Маслинко со 21 поени и 8 скокови и Американецот, Бернард кој исто така реализира 21 поен, а впиша и 9 скокови.
Кај аеродромци, Расел реализира 18 поени, а Танасковиќ поен помалку (17).
Веќе во сабота, двата тима ќе ги играат дуелите од 4-тото коло.
Пелистер ќе гостува во Кавадарци, кај Еуро Никел кои е единствениот тим кој има максимални три победи.
МЗТ Скопје пак ќе го игра „вечното“ дерби против Работнички и тоа на гостински терен во СЦ „Кале“.