Иако дуелот против Ерменија ќе биде од „пријателски“ (контролен) карактер, македонските фудбалери ќе сторат се да остварат победа.

Поразот од Украина е веќе минато, па црвено-жолтите сакаат со добра игра да покажат дека оваа селекција има потенцијал.

„Играме натпревар со доста добар противник како Ерменија.

Очекувањата секогаш кога се игра за Македонија е да се дојде до победа. Ќе излеземе на терен сплотени, ќе се потрудиме да одиграме добар натпревар по кој се надевам дека ќе славиме.

Одигравме добар дуел со Украина, но го загубивме.

Овој меч со Ерменија ни е важен, затоа одиме да победиме“, изјави Ељиф Елмас.

Утрешниот дуел што ќе се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, ќе почне до 15  часот.