Олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски за само две недели по втор пат освојува златен медал.

Македонскиот таеквондист со три победи стигна до златото на Г1 турнирот во Загреб.

На патот кон медалот Георгиевски ги победи Италијанецот, Марко Насо во првата борба. Во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил, а во финалето го совлада Брајан Зондероп од Холандија.

Со овој триумф Георгиевски прави голем исчекор кон обезбедување на норма за Олимписките игри во Париз 2024.