Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години славеше победа против Полска со 2-0.
Во првиот натпревар од 5-тата група, младите македонски фудбалери беа подобри од Полска и ги впишаа првите три бода. .
Со голот на Никола Величковски уште во 12-тата минута нашите млади фудбалери покажаа дека се дојдени по победата.
Домаќините имаа шанса да стигнат до израмнување. Но, сомнително досудениот пенал, не го реализираа. За тоа беше заслужен голманот на струмичка Брера, Љупче Џеков кој го одбрани ударот.
Знаеја што сакаат нашите млади надежи, па во 70-тата минута ја удвоила предноста. Со ефектен гол Мухамед Елмас зголеми на 2-0.
Тоа се покажа како конечен резултат на натпреварот, а Македонијо стигна до првите бодови.
Во првиот натпревар од нашата група Германија го победи Казахстан со 6-0. Токму Германците ќе бидат следен противник на нашите фудбалери веќе во сабота.
Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани селекции од 13-те групи, како и една најдобро трето рангираната.