Три екипи ќе ја преставуваат Македонија во новата сезона на кошаркарската АБА лига.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, битолски Пелистер и ТФТ ќе играат во второлигашката конкуренција на АБА.

И оваа сезона АБА2 лигата ќе брои 14 екипи.

Првиот од предвидени се шест турнири од регуларниот дел на сезоната почнува денеска во Суботица.

Уште на овој турнир ќе го гледаме првото македонско дерби.

Во рамките на 2.коло (13 октомври – петок), а во реприза од финалето на плеј-офот, ќе играат шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.

Настапот на македонските екипи вечерва го почнува ТФТ со дуелот против Златибор.

АБА 2 ЛИГА
1.коло
Понеделник, 21:00   ТФТ – Златибор
Вторник, 21:00         МЗТ Скопје А. – Цедевита Јуниор
Среда, 15:00            Шенчур – Пелистер
2.коло
Среда, 18:00    Широки – ТФТ Моцарт Скопје
Петок, 15:00    Пелистер – МЗТ Скопје А.

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ЗА НАСТАПИТЕ НА
МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ ВО АБА2 ЛИГАТА