Шампионот МЗТ Скопје Аеродром рутинирано стигна до втората победа во новата сезона.

Аеродромци во натпревар од 2.коло пред својата публика го победија Гостивар со 87-59.

Гостите беа рамноправен противник само во првиот период по кој заостаната само еден поен (17-16). Веќе во вториот МЗТ за прв пат создаде двоцифрена предност, за на полувреме да замине со +8 (36-28).

Во третата етапа аеродромци доминираа, постигнаа 23, а на Гостивар му дозволија да реализира само 9. Последниот период беше само чиста формалност, па МЗТ го доби мечот со 26 разлика.

Крстевски со 17 и Танасковиќ со 15 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа.

Овој натпревар се одигра порано од останатите од ова 2.коло, поради настапот на МЗТ на првиот турнир во АБА2 лигата.