Младиот македонски кошаркар, Рубин Стефанов, на најдобар можен начин ја започна својата сениорска кариера.
Рубин (син на легендарниот Врбица Стефанов), ги одигра првите два натпревари во новата сезона во Италија.
Со 18-години тој стана најмладиот играч во втората по квалитет италијанска лига, носејќи го дресот на својот нов клуб Пескара.
Не случајно бројните италијански медиуми уште при неговиот ангажман, пишуваа дека од Руби се очекува да биде еден од најекспонираните играчи сезонава во оваа конкуренција.
Тој тоа го докажа уште на првиот натпревар на кој беше најдобар стрелец. Стефанов натпреварот го заврши со 20 постигнати поени, но тоа не и помогна на Пескара да избегне пораз на гостувањето кај Виртус Чивитанова.
Ден подоцна, Рубин го играше и за младинскиот состав (екипата до 19 години). И повторно Стефанов беше најдобар стрелец постигнувајќи 19 поени.
За потсетување, дека Рубин е и најмладиот наш кошаркар кој веќе одбележа настап за сениорската репрезентација на Македонија.