Ракометарите на Тиквеш ја оправдаа фаворитската улога и ја остварија четвртата победа во Супер лигата.

Кавадарчани на гостувањето кај Куманово славеа победа со 27-16 во натпревар од 4.коло на „А“ суперлигашката група.

Ако во првото полувреме домаќините беа колку-толку рамноправен противник, во вториот дел Тиквеш доминираше.

На паузата, гостите заминаа со три гола предност (13-10). Во вториот дел речиси на секој трет гол на Тиквеш, екипата на Куманово возвраќаше си еден. Така во вториот дел гостите постигнаа 15, а примија шест.

Страхиња Симиќ со 6 гола беше најефикасниот играч на натпреварот и во победничката екипа, за која Евгениј Темелкоски постигна 5 гола.

Со овој триумф Тиквеш остана на максимален ефект, 4 победи на 4 натпревари.

Шанса за тоа денеска имаат и Алкалоид кој во истата група му гостува на Аеродром, односно Вардар во „Б“ групата кој игра против Прилеп на гости.

Седум натпревари од Супер лигата се играа во сабота