Македонските претставници во ЕХФ Европскиот куп, Ѓорче Петров и Чаир, викендов ќе ги одиграат реванш натпреварите од втората рунда.
Екипата на Чаир, денеска, гостува кај холандскиот тим Венло, а натпреварот е закажан со почеток од 19 часот.
Во првиот меѓусебен натпревар Венло славеше убедлива победа со 39:26. Чаирчанки на реваншот ќе се обидат да се покажат во подобро издание и се надева на победа. Но, дали тоа ќе биде доволно за пласман во наредната рунда, останува да се види.
Во многу поповолна ситуација е Ѓорче Петров кој во недела ќе се соочи со црногорскиот Тиват од 19 часот.
Македонскиот шампион на првиот натпревар со Тиват успеа да слави победа со убедливи 43:22.
Без разлика на тој триумф, Ѓорчепетровки сакаат со победа и во реваншот да го потврдат пласманот во следната рунда.
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП – 2.коло (реванш)
сабота
19.00 ВЕНЛО – ЧАИР (39-26 прв натпревар)
недела
19.00 ТИВАТ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (22-31 прв натпревар)
Екипата на Куманово која беше нашиот трет претставник во ова натпреварување, е елиминирана. Кумановки ги загубија двата натпревари на гостувањето кај швајцарскиот Херцогенбуше.
Ивона Кимовска