Голема победа запиша тимот на Сасуоло кој на домашен терен го совлада Јувентус со убедливи 4:2.

Домаќините се одбранија од почетниот пресинг на Јувентус. Во 12-та минута Лауриенте со голема помош на голманот Шчесни дојде до изненадувачки водство.

Јувентус брзо се врати и тоа во 21-та минута со автоголот на Вина.
Во финишот на полувремето, дефанзивецот Гати лошо додаде, топката се одби до Берарди кој со одличен удар ја врати предноста за Сасуоло.

Во вториот дел Старата Дама од Торино долго се обидуваше да се врати за да во 78-та минута Киеза да изедначи на 2:2.

Кога делуваше дека тимот на Алегри ќе брка целосен пресврт, Пиамонти по трет пат го матираше Шчесни за 3:2.

Во финишот несреќниот Гати направи нова грешка и со автогол ги постави конечните 4:2.