Во Првата македонска фудбалска лига овој викенд ќе се одигра седмото коло.

Воведниот и единствен натпревар денес ќе се одигра во Скопје со почеток од 15 часот, каде екипата на Шкупи ќе ја угости Брера Струмица.

Чаирчани не ја започнаа сезоната како што планираа и после 6 одиграни натпревари имаат освоено 9 бода. Нивниот скор е 2 победи, 3 нерешени натпревари и 1 пораз. Со огледа на тоа што двете победи им се со новите прволигаши, публиката очекува дека е време да дојдат до победа и во денешното дерби.

На спротивната страна, за разлика од екипата на Шкупи, Брера имаше одличен старт со 4 победи во првите 4 кола. Потоа следуваше мал пад каде што забележаа еден пораз и еден нерешен резултат. Можеби на денешното дерби ќе успеат да им се вратат на победите.

Останатите пет натпревари ќе се одиграат утре (недела), со почеток од 15 часот.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 7.КОЛО
Сабота
ШКУПИ – АП БРЕРА СТРУМИЦА
Недела
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – ВАРДАР

Standings provided by Sofascore