Супер интересен и неизвесен беше воведниот натпревар од 4.коло во германската Бундес лига одигран во Минхен. 

Дерби дуелот меѓу Баер и Баер заври со четири гола, но без победник 2:2

Домаќините во два наврати имаа предност, но гостите од Леверкузен од пенал во 94-тата стигнаа до бод.

Веќе во 7.минута Баварците поведоа со 1-0 со голот на Хари Кејн. 

Гостите од Леверкузен израмнија во 24-тата со погодокот на Грималдо. 

И во вториот дел беа постигнати по еден гол на двете страни и тоа во самиот финиш. 

На четири минути до крајот (86) Горецка повторно му донесе водство на Баерн (2-1). 

Кога сите очекуваа крај во третата минута од судиското дополнение, а по прегледувањето на снимката (ВАР) судијата Шлагер досуди пенал за гостите.

Сигурен реализатор беше Аргентинецот, Паласиос кој ги постави конечните 2-2. 

Со нерешениот резултат, веќе нема екипа во Бундес лигата со максимален ефект. Двата тима до оваа рунда беа „перфектни“,  а сега го одиграат првиот дуел без победник. 

Поради подобрата гол разлика екипата од Леверкузен е на водечката позиција со 10 бодови, колку што има и минхенскиот тим на второто место.