Младата репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра вториот напревар во квалификациите за Европското првенство. Фаворитот Холандија ќе биде денешниот предизвик за нашите млади надежи.
Избраниците на Драги Канатларовски одлично ги стартуваа квалификациите со победа на гостински терен во Шведска. Оваа победа дава надеж дека се работи за една одлична генерација од која може многу да се очекува.
Иван Николов го постигна одлучувачкиот гол, додека на голот Марко Алчевски правеше чуда и остана несовладан. Се надеваме дека и денес ќе успеат да одиграат на така високо ниво и да ја совладаат репрезентацијата на Холандија.
Популарните лалиња во првото коло славеа лесно со 3:0 против селекцијата на Молдавија, а во Скопје доаѓаат во напад на нови три бода.
Натпреварот ќе се одигра денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, со почеток од 15:30 часот.