Репрезентацијата до 21 година е поразена од Холандија во натпревар од квалификациите за европското во Словачка 2026-та.

Младите македонски фудбалери повеќе наивни и несреќно ги загубија трите победа во дуелот со фаворизираните Холанѓани кои славеа со 2-0.

На натпреварот одигран попладнево во Скопје, нашите младинци одиграа одлично прво полувреме во кое беа поконкретни, создаваа шанси, но не постигнаа гол.

И во вториот дел избраниците на Канатларовски добро стартуваа.

Сепак, во 68-та минута Охајо им донесе водство на гостите. Само четири минути подоцна беше досудена најстрога казна за Холанѓаните. Сигурен реализатор беше Тејлор за 2-0.

Тоа потполно ја распадна играта на нашата селекција, па неизбежен беше поразот.

Ова беше втора победа за Холандија која сега го презема лидерското место на табелата во „Ц“ групата со 6 бодови. Македонија останува втора со 3 бода, колку што имаат и Грузија, Молдавија и Шведска, додека Гибралтар е последен без освоен бод.

Следен натпревар за македонските младинци е дуелот на гости кај Молдавија закажан за 17 Октомври.