Откако го одиграа натпреварот во Супер купот, во недела следува новото ракометно „Супер дерби“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Дуелот од првото коло што требаше да се игра изминатиот викенд, беше презакажан поради настапот на битолчани во Лигата на шампионите.

Вардарци денеска ги пуштија во продажба картите за претстојното дерби.

Тие ќе се продаваат по цена од 150, 200 и 250 денари.

Продажбата на билетите ќе се врши онлајн на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа.

Влез ќе биде дозволен само со ПЕЧАТЕН БИЛЕТ, а сите ваучери при онлајн продажбата треба да се заменат на продажните места или на билетара пред сала.

Со секој купен билет ќе учествува во наградните игри што нашите спонзори ќе ги организираат на полувреме од натпреварот. Награди ќе доделат „Универзитет Скопје“ и „Пекабеско“

Продажба на билети за натпреварот ќе има и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандаски“. Работното време на билетарницата ќе биде:
* Сабота – 16 до 19 часот
* Недела – од 12 часот па се до почеток на натпреварот

Поради безбедносни причини и воведно шоу, вратите ќе се затворат во 19:30 часот.