Македонија вечерва го игра петтиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2024-та во Германија.
Втор пат во овие квалификации противник е Малта, која веќе ја совладавме во Скопје.
Императив за црвено-жолтите е победа, за да се валоризира одличната игра и резултат од саботниот натпревар против Италија.
И овојпат во тимот ќе го нема искусниот Аријан Адеми.
Поради повредата на листот на ногата, тој и вечерва, нема да биде во комбинација за настап, во тимот на Милевски.
Адеми почувствувал болка веднаш по загревањето на синоќешниот официјален тренинг, информираат од репрезентацијата.
Се работи за истата повреда поради која Адеми беше спречен да даде придонес и за мечот против Италија.
Во тимот ќе го нема ниту Столе Димитриевски исто така поради повреда.
Но, и без нив, Милевски и неговите избраници ќе мора да одиграат максимално ангажирано и пред се офанзивно, за да стигнат до нова победа и три бода.
Натпреварот ќе започне во вечерниот термин од 20.45 часот.