Агрон Елези повторно треба да е стартер во тимот на Милевски, кој вечерва игра нов квалификацискиот меч за Еуро 2024-та.
Како и пред три дена против Италија, така и вечерва против Малта, Елези треба да е меѓу 11-мината што ќе го започнат мечот.
Токму Елези беше неговата замена со Италија, па затоа и вечерва со Малта, очекуваме тој да биде во почетниот состав.
„Нормално дека сум среќен за освоениот бод против Италија и нормално што добив шанса да играм од првата минута. Тоа за мене е голема работа. Тоа е заслужен бод против репрезентација како Италија.
Сега гледаме на Малта. Сакаме да одиме натпревар и да направиме добар резултат. Тоа е да победиме.“,
изјави Елези.
И нему му е јасно дека вечерва Малта мора да се победи и да се одржи конкурентноста во силната група.