Екипите на Куманово и Аеродром одиграа многу неизвесен натпревар. Но, сепак Аеродром на гостински терен го совлада Куманово со резултат 34:32 во првото коло од машката Супер лига А група. Натпреварот стартуваше со серија од 2-0 на Куманово. Аеродром во 4-тата минута успеа да израмни на 2:2. Во наредните дваесетина минути домаќинот успеваше да создаде минимална предност, но гостите веднаш израмнуваа. Во 29-тата минута Аеродром поведе со 15:14, но Куманово на пет секунди пред крајот на првото полувреме израмни на 15:15.
Втората половина започна со по еден погодок на двете страни. Двете екипи играа мотивирано и се бореа за секоја топка, па во првите петнаесет минути од второто полувреме резултатот беше израмнет. Екипата на Аеродром во 47-тата минута успеа со серија од 2-0 да поведе со 25:23, сепак, домашниот тим веднаш израмни на 25:25. Гостите во 57-та минута поведоа со – 32:30. Аеродром успеа да ја одржи предноста до крајот на натпреварот и го совлада тимот на Куманово со 34:32.
Најефикасни од победничкиот тим беа Виктор Трифуноски и Наум Костов со осум погодоци, додека од екипата на Влатко Тасевски и Јован Даневски дадоа по седум гола.
Ивона Кимовска

































