Иако беа најавени судии од Германија, да ја делат правдата на дуелот Македонија – Италија, сепак тоа ќе го прават Французи.

Имено УЕФА репи да ги смени судиите за саботниот дуел меѓу Македонија и Италија во квалификациите за ЕУРО 2024.

Првично беше најавен Германецот, Феликс Цвајер, а сега УЕФА репи тоа да биде Франсоа Летисие од Франција.

Нему ќе му асистираат сонародници Закрани и Рамуни.

Франсоа Летесие во 2017 година и судеше на младата репрезентација на Македонија до 21 година на завршницата на ЕП во Полска, кога селектор на оваа репрезентација беше Благоја Милевски. Тој го судеше натпреварот Македонија – Србија кој заврши без победник 2:2.

Не би имале ништо против и утревечер со ист резултат да заври средбата меѓу Македонија и Италија која ќе стартува од 20.45 часот.