Младата репрезентација на Македонија до 21 година е во Јенчепинг каде утре го започнува новиот циклус квалификации.

Со натпреварот против Шведска македонските млади фудбалери го сторуваат квалификациите за пласман на ЕП во Словачка 2025 година.

Фудбалерот на Работнички и член на репрезентацијата на Македонија, Стефан Деспотовски ги сподели своите очекувања пред самиот старт на квалификациите.

„Подготвени сме за предизвиците што не очекуваат на самиот стар од квалификациите. Очекувањата се големи, сакаме да одиграме добри квалификации и да обезбедиме добар пласман. На самиот старт од квалификациите играме со многу силни селекции. Добро ги знаеме нашите предности и ќе гледаме да ги искористиме на најдобар можен начин, верувам дека тоа е единствениот начин за остварување на позитивен резултат. Одиме чекор по чекор, моментално сме фокусирани на првиот меч и дуелот со Шведска“, 

Во рамките на 1.коло од групата Ц, репрезентацијата на Македонија утре ќе игра против Шведска. Натпреварот од квалификациите е закажан за 18. часот.