Репрезентацијата на Германија е третиот патник во полуфиналето на Светското кошаркарско.

Германците остануваат перфектни и по шестиот настап на Мундијалот.

Тие во неизвесна завршница ја победија Летонија во четвртфиналето со 81-79.

Иако Германците во последната четвртина водеа и со +14 (74-60), сепак победникот беше решаван во последните секунди.

Денис Шреден на 7.секунди не реализира напад, а на спротивната страна обидот на Бертанс, со тројка да го репи победникот, беше неуспешен.

Германците во полуфиналето за противник ќе ги имаат Американците.

Кој ќе биде противник на Србија, во второто полуфинале, ќе дознаеме по натпреварот Словенија – Канада кој ќе започне до 14.30 часот.

ЧЕТВРТФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
денеска
ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА 81-79
14:30 СЛОВЕНИЈА – КАНАДА
вчера
СРБИЈА – ЛИТВАНИЈА 86-68
САД – ИТАЛИЈА 100-63

ПОЛУФИНАЛЕ
(петок – 8 септември)
СРБИЈА – Словенија / Канада
САД – ГЕРМАНИЈА