Македонскиот вице-првак Алкалоид ќе дебитира на европската сцена.
Тимот од Автокоманда кој заврши како второ рангиран во домашното првенство се избори за настап во ЕХФ Лигата на Европа.
Алкалоид ќе има тешка задача, во силната конкуренција, да се избори за првите две места што водат во разигрувањето.
Ривали во „Ц“ групата им се, шпанската Ла Риоха, данскиот Силкеборг и новосадска Војводина шампионот на Србија.
Алкалоид дебито на евро-сцената ќе го има на домашен терен против српскиот претставник на 17 октомври во вечерниот термин од 20.45 часот.
И во последниот натпревар избраниците на Кирил Лазаров ќе бидат домаќини. Во последното коло ја пречекуваат Ла Риоха, но во попладневниот термин од 18.45 часот.
ЕХФ ЛИГА НА ЕВРОПА – Ц група:
1 коло – 17.10. АЛКАЛОИД – ВОЈВОДИНА (20.45 ч.)
2 коло – 24.10. НАТУРХАУС ЛА РИОХА – АЛКАЛОИД (20.45 ч.)
3 коло – 14.11. АЛКАЛОИД – СИЛКЕБОРГ (18.45 ч.)
4 коло – 21.11. СИЛКЕБОРГ – АЛКАЛОИД (20.45 ч.)
5 коло – 28.11. ВОЈВОДИНА – АЛКАЛОИД (18.45 ч.)
6 коло – 05.12. АЛКАЛОИД – НАТУРХАУС ЛА РИОХА (18.45 ч.)