Аријан Адеми поради обврски поврзани со продолжувањето на клупската кариера утре наутро заминува за Загреб.
Според најавите Ареми треба да потпише договор со Динамо.
Адеми, по завршувањето на обврските, повторно ќе се стави на располагање на националниот тим за натпреварите против Италија и Малта.
Одлуката е донесена во договор со селекторот Благоја Милевски.
Адеми, се јави на повикот на селекторот Милевски и покрај повредата на нога, која го ограничи на само 5.минути игра на последниот натпревар од првенството во Кина.
Адеми ќе биде на располагање за настап против Италија.