Попладнево во Монако беше извршена ждрепката за групната фаза во фудбалската Лига на шампиони.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас со својата екипа Наполи ќе игра во Ц групата. Во, беа италијанскиот првак за противник ќе го ома мадридски Реал, португалската Брага и германскиот тим Унион Берлин.
Актуелниот првак Манчестер Сити одбраната на титулата ќе ја почне во Г групата. Сити ќе гостува во близина, во Белград кај Црвена Звезда, а за противници ќе ги има и екипите на Лајпциг и Јанг Бојс.
Најинтересно сепак се очекува да биде во Ф конкуренцијата во која се ПСЖ, Борусија Дортмунд, Милан и Њукасл.
А ГРУПА БАЕРН МИНХЕН МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД КОПЕНХАГЕН ГАЛАТАСАРАЈ |
Е ГРУПА ФЕЕНОРД АТЛЕТИКО МАДРИД ЛАЦИО СЕЛТИК |
Б ГРУПА СЕВИЉА АРСЕНАЛ ПСВ ЛЕНС |
Ф ГРУПА П.С.Ж. БОРУСИЈА ДОРТМУНД МИЛАН ЊУКАСЛ |
Ц ГРУПА НАПОЛИ РЕАЛ МАДРИД БРАГА УНИОН БЕРЛИН |
Г ГРУПА МАНЧЕСТЕР СИТИ ЛАЈПЦИГ ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ЈАНГ БОЈС |
Д ГРУПА БЕНФИКА ИНТЕР САЛЗБУРГ Р. СОСИЕДАД |
Х ГРУПА БАРСЕЛОНА ПОРТО ШАХТЈОР АНТВЕРПЕН |
Натпреварите во групната фаза ќе стартуваат на 19 септември и ќе се играат до средината на декември.
Финалето е закажано за 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.