Втор ден натпревари во „скопската – Ц“ група на Европско одбојкарско првенство.

Откако вчеравечер Македонија ја совлада Данска (3-1), денеска на програмата два меча.

Во првиот. Селекцијата на Холандија ја оправда фаворитската улога и без загубен сет 3-0, ја победи Црна Гора.

Убедливиот триумф Холанѓаните го најавија во првиот сет кој лесни го добија си 25-19. Во вториот загубија поен помалку (25-18), а Црногорците најголем отпор пружија во третиот 256-22.

Овој резултат и оди во прилог на Македонии, која во својот втор меч ќе игра токму против Црна Гора.

Тој натпревар на програмата е во сабота (20 часот), а со победа Македонија е многу блиски во осминафиналето.

Вечерва (20 часот) ќе се одигра последниот меч од 1.коло во оваа група, а во него Полска за противник ја има Чешка