Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Италија (9. септември, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Малта (12. септември, 20:45 часот, Малта).

Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитанти се фудбалерот на дански Хвидовре, Ахмет Иљазовски и напаѓачот на Вараждин, Димитар Митровски.

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:

ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија
Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција
Езѓан АЛИОСКИ – Ал-Ахли, Саудиска Арабија
Бојан ДИМОСКИ – Акрон Тољати, Русија
Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска
Стефан АШКОВСКИ – Ламија, Грција
Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија

СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска
Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина
Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија
Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија
Давор ЗДРАВКОВСКИ – Мадервил, Шкотска
Љупче ДОРИЕВ – Согдиана, Узбекистан

НАПАД:
Илија НЕСТОРОВСКИ – Асколи, Италија
Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка
Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска
Александар ТРАЈКОВСКИ
Дориан БАБУНСКИ – Грасхоперс, Швајцарија
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска
Марјан РАДЕСКИ – Струга Трим Љум
Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција
Дарко ЧУРЛИНИВ – Барнли, Англија

Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Италија и Малта од квалификациската група за ЕП 2024 е закажан за 4 септември во х. Хилтон во Скопје.