Трет ден натпревари на Европското првенство во одбојка. Тој ни го носи за нас Македонците најважниот натпревар, еден од седумте денеска. 

Дуелот на Македонија – Данска, на отворањето на средбите во „Ц“ групата кои ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов, кој ќе го игра своето третото Европско, за СПОРТ+, ги анализира ривалите од групата.

За првиот (вечерашниот) противник искусниот Љафтов вели:

„Селекција која има стил и начин на игра како и нашиот.

Оваа репрезентација добро сервира, но сметам дека се на наше ниво и се ќе зависи од нашата игра.

Пред некоја година во Струмица загубивме од нив што ми „падна“ тешко, но потоа ги победивме на нивни терен со 3:0.

Сега треба да им се реваншираме за поразот во Струмица“

Натпреварот Македонија – Данска започнува од 20 часот, а одбојкарите очекуваат голема поддршка од трибините. 

Во скопската група се и, Црна Гора, Полска (светски вицепрвак), Холандија и Чешка.