Со натпреварот меѓу актуелниот шампион Италија и селекцијата на Белгија, вечерва започнува 33-тото Европско одбојкарско првенство во машка конкуренција.

Ова е трет шампионат што се одржи во четири земји: Италија, Бугарија, Израел и Македонија, a натпреварите ќе се играат во осум градови.

Само вечерва Болоња ќе биде домаќин на отворањето на првенството кое ќе започне со дуелот меѓу Италија и Белгија. Во наредните три дена натпреварите ќе се играат во Перуџа, а потоа во Анкона (3 до 6 септември).

Бари ќе биде домаќин на првата нокаут рунда (1/8 и 1/4 финалето), а завршницата (полуфинале и финале) ќе се игра во Рим.

Натпреварите од „Б“ групата ќе се играа во бугарскиот град Варна. Таму ќе се одиграат и средбите од осминафиналната и четвртфиналната рунда. Во неа ќе вкрстат селекциите од „Б“ и „Д“ групата чии средби ќе се играат во Тел Авив, Израел.

За нас секако најинтересно ќе биде во „Ц“ групата чии натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во неа Македонија за противници ќе ги има Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка, со кои ќе играат редоследно, почнувајќи од среда.

„А“ група: Италија, Швајцарија, Србија, Германија, Белгија и Естонија.
„Б“ група: Бугарија, Финска, Словенија, Украина, Хрватска и Шпанија.
„Ц“ група: Македонија, Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.
„Д“ група: Израел, Романија, Франција, Турција, Португалија и Грција.

Пласман во 1/16-финалето ќе обезбедат четирите најдобро пласирани селекции од групите.

Освојувачите на медали на ЕП ќе обезбедат пласман на Светското првенство 2025 година, и ќе и се приклучат на Италија која е актуелен светски и европски шампион.