Актуелниот шампион Шпанија и селекцијата на САД се новите два тима што заверија пласман во осминафиналето на Светското првенство. 

Двете репрезентации славеа убедливи во дуелите од 2.коло против Бразил и Грција и ги остварија вторите победи. 

Во натпреварот од групата „Г“ репрезентацијата на Бразил ми парираше на светскиот првак во воведните 12-тина минути. Во продолжението Шпанците ја презедоа контролата над играта и резултатот, за на крајот да слават со конечни 96-78. 

Иако Американците се далеку од „Дрим тим“ сепак се пресилни за Грците. Тоа избраниците на селекторот Стив Кер го демонстрираа на најдобар можен начин, совладувајќи го нашиот јужен сосед со 28 разлика (109-81).

За да се пласираат меѓу 16-те најдобри Грците ќе мораат во последното коло да го совладаат Нов Зеланд, кој денеска пo продолжение беше подобар од Јордан.