Репрезентацијата на Словенија обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство. 

Предводени од својот најдобар играч Лука Дончиќ, Словенците ја победија Грузија со 88-67 во натпревар од 2.коло. Навидум ова требаше да биде дерби за 1.место во „Ф“ групата.

Кошаркарот на Далас, натпреварот го заври со дабл-дабл. Дончиќ постигна 36 поени, на кои додаде и 10 скокови, а имаше и 6 асистенции. 

За Словенците ова беше втората победа со која се пласираа во осминафиналето.

Словенија во последното коло против Зелентортската република. 

Грузија пак место меѓу 16-те најдобри ќе брка во следното коло во кое за противник ќе ја има Венецуела.