Продолжува одличната форма на Росонерите, кои со убедливи 4:1 над Торино ја запишаа втората победа во исто толку натпревари.

Новото засилување Кристијан Пулишиќ, во 33-тата минута со неговиот втор гол оваа сезона донесе предност од 1:0.

Гостите од Торино брзо се вратија во натпреварот откако само три минути подоцна, во 36-тата, Пер Шурс донесе изедначување.

Сепак радоста на гостите кратко траеше па во 43-тата минута нивен дефанзивецот играше со рака, а ВАР донесе пенал за Милан. Сигурен реализатор на истиот беше Оливие Жиру, за предност од 2:0.

Прашањето на победникот беше решен веќе во 45-тата минута, кога Леао асистираше а Хернандез погоди за 3:1.

Комечниот резултат од 4:1 го постави Жиру со вториот сигурно реализиран пенал во 65-тата минута.

За Милан ова е втора победа на стартот на сезоната со што потврдуваат дека ќе бидат едни од главните кандидати за титула.

Во вториот натпревар кој се играше во ист термин, Верона ја шокираше Рома и со 2:1 се радуваше на победа.

Домаќините имаа одличен почеток на натпреварот па веќе во четвртата минута дојдоа до пресност со голот на Ондреј Дуда.
Целосен шок за Рома приреди Сирил Нгонге во 45-тата минута кога втор пат ја затресе мрежата на гостите од Рим, и неговиот тим на полувреме отиде со предност од 2:0.

Волчицата од Рим, фрли се на една карта во вториот дел, кога буквално сите офанзовни играчи влегоа во игра. Истото брзо се исплатеше кога новото појачување Ауоар намали на 2:1 во 56-тата минута.

Гостите од Рим притискаа за изедначување а домаќинот одлично се бранеше. Најблиску до гол беше Пелегрини во 86-тата минута кога од слободен удар ја погоди пречката од противничкиот гол.
Верона ја запиша втората победа и со шест бода е на делбата на првата позиција со Милан, додека Рома остана на еден освоен бод