Трет и последен ден на меморијалниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка”, што се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. 

Четирите репрезентации учеснички во последната рунда влегуваа со ист „скор„ по една победа и пораз. 

Вчерашната пресврт победа над Египет, сигурно е мотив повеќе денеска македонските одбојкари да го одиграат најдобриот натпревар.

Противникот Грција е дополнителен мотив за избраниците на селекторот Јошко Миленковски. 

Овој меч ќе биде и последна контрола за нашите одбојкари пред стартот за Европското првенство закажан за 30 август во „Скопската“ група Г. Во неа, македонските одбојкари за противници ќе ги имаат Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.