Централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Рубен Диаш веќе играше на некои од најголемите натпревари во светот. Но, Португалецот за прв пат ќе настапи во Суперкупот на УЕФА.
26-годишниот играч беше многу важен дел од тимот на Сити кој минатата сезона освои тројна круна, Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот.
„Тоа ќе биде прв пат да го играм, така што навистина сум гладен за победа. Тоа е нов трофеј за мене, а мојата амбиција не може да биде поголема. Така е и во тимот. Сите го посакуваме трофејот“, вели Диаш.
Супер куп дуелот меѓу Манчестер Сити и Севиља што ќе се игра вечерва во Атина, ќе започне од 21 часот.