Неодамна стартуваше новата сезона во мак-фудбалот. Но, уште на самиот почеток, проблеми за тетовските екипи. 

Имено на трите македонски екипи, Тетекс и Љуботен во машка, како и Љуботен во женска конкуренција, не им е дозволено да настапуваат на тетовскиот стадион. 

Во заедничкото соопштение упатено до јавноста тие прашуваат

„Дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово
да немаме право на тренинзи на природна трева?“

Соопштението на клубовите ви го пренесуваме во целост и интегрално.

„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само фк шкендија!
Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?
Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт,
но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања.
Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!
Па оттука сакаме да прашаме: Дали шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја дргуа игра во поаздина?
Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен.
Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите.“