Актуелниот светски шампион Шпанија ја „демолира“ Словенија предводена од Лука Дончиќ во контролен натпревар одигран во Малага.

Еден поен ја делеше  „Црвената фурија“ од 100-ка. Шпанците славеа со 20 поени разлика 99-79.

Најдобар кај победниците беше кошаркарот на Мемфис, Санти Алдама со 18 поени, 6 скока и 7 асистенции. Хуанчо Ернангомез, новото крило на Панатинаикос постигна 17 поени, а неговиот брат Вили, новиот играч на Барселона, имаше 17 поени и 5 скока.

Во словенечката репрезентација Лука Дончиќ поради лични грешки одигра само 17 минути и за тоа време постигна 17 поени, со 6 скока и 5 асистенции. Го следеше Клемен Препелиќ со 11, а Мајк Тоби и Грегор Хорват додадоа по 10 поени.

За двете репрезентации ова се завршни подготовки пред заминувањето на Светското првенство што почнува на 25 август. 

Во меѓувреме двете селекции ќе одиграат контролни натпревари против Американците. Попладнево од 18 часот, ќе играат Словенија и САД,