„Да се биде или не“, се следните два натпревар за младите македонски кошаркари на ЕП за играчи до 16 години што е одржува во Скопје, а на кое денеска е слободен дел.
По четирите пораз во низа, а особено завчерашниот од Летонија (46-57), македонските кадети веќе немаат право на грешка.
Доколку сакаат да ја остварат целта и да обезбедат опстанок во „А“ дивизија мора да ги добијат следните два натпревари. Само така и следната година македонските кадети би биде дел од елитата на континенталниот собир.
Следува разигрувањето за пласман на последните четири позиции на табелата од 13 до 16 место. Од нив само едно (13-тото) води во понизок ранг односно второлигашката конкуренција.
Тие ќе мора да ги добијат прво Израелците во денешниот натпревар закажан за 16 часот, а потоа и Белгија или Црна Гора во мечот што ќе се игра в недела.