Од вечерва спортската понуда на Стариот континент ќе биде збогатена со натпреварите во три од петте најквалитетни европски фудбалски лига.

Започнуваат дуелите во шпанската Ла Лига, француската Лига 1, и англиската Пренмиер лига.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со својата екипа Рајо Ваљекано на гостувањето кај Алмерија ќе ја има привилегијата прв да истрча на теренот. Овој натпревар ќе започне од 19.30 часот, а е првиот од денешната програма во Ла Лига.

Вториот ќе се игра во терминот од 22 часот, кога Севиља и Валенсија ќе ја старуваат новата сезона.

Во меѓувреме од 21 часот по еден натпревар во Англија и Франција.

Во Премниер лигата шампионот Манчестер Сити одбраната на титулата ќе ја почне со гостиувањето кај Барнли.

Во француската Лига 1, вечерва на програмата е дуелот меѓу Ница и Лил.