Младата репрезентација на Македонија до 19 години, вчера го имаше официјалниот собир во хотел Парк, во Скопје.
Селекторот Тони Јакимовски ја направи прозивката на играчите кои се најдоа на неговиот список за двата контролни натпревари против соодветната селекција на Грузија.
Јакимовски се одлучи да ги повика следните фудбалери.
Голмани: Петар Јакимов (Работнички), Љупче Џеков (Академија Пандев);
Одбрана: Хадис Таири (Струга), Христијан Стојановски (Пелистер), Индрит Шакипи (Шкендија), Давор Серафимов (Шкупи), Максим Славков (Македонија Ѓ.П.), Марко Стојилевски (А.П. Брера), Матеј Митревски (Вардар), Анес Мелиќи (Шкендија);
Среден ред: Теодор Николовски (Работнички), Алтин Нурединоски (Њу Старс), Амир Нухија (Шкендија), Дино Михолов (Брегалница), Лорик Каба Јакупи (Шкендија), Димитар Данев (Работнички), Фикрет Љиварека (Работнички), Зани Назифи (Беса), Александар Богданоски (Кожув);
Напад: Никола Величковски (Работнички), Алекс Митров (Беласица);
Контролните натпреваи ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, со почеток од 17 часот.
Првиот дуел меѓу Македонија и Грузија е закажан за утре (12 август), а вториот е два дена подоцна (14 август).