Хари Кејн кариерата ќе ја продолжи во Баерн, а неговиот сегашен клуб Тотенхем ќе добие над 100 милиони евра.
Ова го пренесоа сите англиски и германски медиуми, притоа не прецизирајќи ја точна сума.
Челниците на Баерн успеале да го убедат претседателот на Тотенхем, Даниел Леви да го продаде својот најдобриот играч.
Сагата околу реализацијата на овој трансфер траеше со месеци. Самиот фудбалер на сите во клубот јасно им стави до знаење дека сака да си замине и дека не помислува да потпише нов договор, но тие одбија да го продадат во Лондон.
Баварците беа упорни, не прифатија негативен одговор и конечно успеаја во намерата да го ангажираат еден од најдобрите европски напаѓачи.
Од друга страна, шанса да се бори за трофеи ќе добие и самиот Кејн, бидејќи во 12-те години поминати во дресот на Тотенхем нема ниту еден освоен.
💥 X News Harry #Kane:
➡️ Yes, there’s an agreement in principle between the clubs now – confirmed ✔️
➡️ Transfer fee more than €100m with add-ons included
➡️ Kane is on verge to join FC Bayern!First call: @David_Ornstein | @SkySportDE 🏴 pic.twitter.com/9At7gO9K5f
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) August 10, 2023