Македонскиот првак Струга Трим Лум денеска ќе го игра првиот натпревар од третата рунда квалификации за Конференциската лига. 

Во Скопје Струга ја пречекува екипата на Есперанж од Луксембург. Во таборот на стружани веруваат дека противникот е по мерка за да го продолжат престојот на европската сцена. 

Доколку стружани ја исполнат целта, во последната рунда квалификации исто така би имале противник по мерка.

Тоа би бил поразениот тим од двомечот меѓу босанскиот Зрињски и Бреидаблик од Исланд, кои играат во квалификациите за Лигата на Европа.

Но. Прво треба да се одработи денешниот натпревар и да се направи солидна предност пред реваншот во Луксембург за седум дена.

Денешниот дуел меѓу Струга ТЛ и Есперанж ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, со почеток од 17 часот.

Натпреварот може да го следите низ директен пренос на МРТ 3 (ОВДЕ)

Се за настапите на македонските екипи во евро-куповите